Режисерот и сценарист Питер Брук е добитник на Светската награда за хуманизам што ја доделуваат Охридската академија на хуманизмот и Универзитетот за аудиовизулени уметности ЕСРА.
Наградата на Питер Брук му се доделува за неговото шестдецениско поврзување на јазиците, културите и цивилизациите во сите светски центри каде што се одвива неговата уметничка дејност, соопшти ЕСРА.
Традиционално лауреатот свечено ќе биде прогласен во Охрид на верскиот празник Водици.












