Режисерот и сценарист Питер Брук е добитник  на Светската награда за хуманизам  што ја доделуваат Охридската академија на хуманизмот и Универзитетот за аудиовизулени уметности ЕСРА.

Наградата на  Питер Брук му се доделува за неговото шестдецениско поврзување на јазиците, културите и цивилизациите во сите светски центри каде што се одвива неговата уметничка дејност, соопшти ЕСРА.

Традиционално лауреатот свечено ќе биде прогласен во Охрид на верскиот празник Водици.

OhridNews