Трочлената комисија на Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“, кое го распиша Конкурсот за доделување на награда за животно дело „Трајно уништување на рибниот фонд од Охридско Езеро“ во период 1991-2014, одлучи наградата да им ја додели на граѓаните на Охрид.
Одлука на комисијата е уметничката слика од охридска пастрмка да се однесе во музеј, а плакетата за животно дело на граѓаните од Охрид да се достави до Општина Охрид за да го краси кабинетот на Градоначалниците.
Од здружението информираат дека на конкурсот пристигнале 49 пријави за кандидати од трети лица. Меѓу нив, за научни установи од областа на рибарство, концесионери за стопански риболов, концесионер за рекреативен риболов,поранешен директор на рибарско стопанство, Водна заедница, здруженија на граѓани, државни инспекторати, подрачни единици на министерства, локални јавни претпријатија, министерства, министри за земјоделство, Заменик министер за земјоделство, доктори по рибарство, поранешен сопственик на брод, ресторани, хотели, за државна компанија, градежни фирми, пријави за граѓани на Охрид без функција.
OhridNews