Комисијата за доделување на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ, во состав проф д-р Димитар Пандев, проф. д-р Наташа Аврамоска и писателот Славе Ѓорго Димоски, едногласно одлучи наградата што ја доделува општина Охрид, да му припадне на авторот на расказот „Во рогот на волот“ испратен под шифра „Чадор“.
Од комисијата нагласуваат дека наградениот расказ „Во рогот на волот“ се издвојува со извонредната наративна изведба со која виртуозно поигрува со парадигмите на надреалистичното искуство, при што ја актуелизира почвата на Македонија како крстосница на луѓе, времиња и народи.
На годинешниот конкурс пристигнале 58 раскази, во кои доминираат традиционални книжевни теми, актуелни социјални теми и исповедни искажувања. Во најтесен избор, покрај наградениот расказ влегоа и расказите „Црешата на Цар Самуил“ под шифра „Тајна историја“ и „Мрежата на Мамли или кој го обра бостанот“ под шифра „Ну погоди“.
OhridNews












