– Оваа награда за нас претставува уште еден поттик за продолжување на активностите кои се реализираат од страна на Секторот за локален економски развој, рече Петрески.
Наградата е резултат на претходно извршените контроли врз хотелите и рестораните во градот, услугата, како и комуналната хигиена, објасна раководителот на Секторот за ЛЕР, Гоце Симоноски.
– Патрола составена од експерти од земјите од југоисточна Европа во изминатиот период доаѓаа ненајавено и посетуваа хотели, ресторани, ја пратеа работата на општината, комуналната хигиена, како и тоа колку се вложува во инфраструктурата и начинот на промоција на саеми, рече Симоноски. Тој додаде дека наградата е резултат и на проектот кој се работи заедно со градот Венеција, кој значи една поширока транснационална програма за промоција на туризмот на градови заштитени под УНЕСКО.
– Обврска за сите нас е да го оддржиме нивото и понатаму да го развиваме туризмот, особено културниот, кој ќе овозможи туристи преку целата година, потенцира Симоноски.
Меѓународната туристичка асоцијација САЦЕН ИНТЕРНАТИОНАЛ постои 53 години , а 21 година преку наградата „ Златно туристичко срце“ го поттикнува развојот и подигнувањето на квалитетот во угостителско- туристичкото стопанство во земјите од Југоисточна Европа.