По повод 8-ми Декември, Св.Климент Охридски–Патрон на градот, општина Охрид распиша награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба. Темата на Конкурсот треба да  се однесува на Охрид и животот и дејноста на Свети Климент Охридски.

По овој Конкурс, Општина Охрид ќе додели три први награди за најдобра поетска творба во три различни категории:

  • За ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение);
  • За ученици од предметна настава(од шесто до деветто одделение);
  • За ученици во средно образование (од прва до четврта година).

 

  • Износот на наградата за првата категорија е 2.000,оо денари;
  • Износот на наградата за втората категорија е 3.000,оо денари;
  • Износот на наградата за третата категорија е 4.000,оо денари.

 

Изборот на најдобрите поетски творби ќе го направи тричлена жири – комисија, формирана од градоначалникот  на Општина Охрид. Право на учество на овој Конкурс имаат сите редовни ученици  од основните и средните училишта на подрачјето на Општина Охрид.

Наградите ќе бидат врачени на една од свеченостите организирани по повод 8-ми Декември.

OhridNews