Главната свеченост ќе се одржи на 5- ти феврари, во 13 часот, во Центарот за култура, кога ќе биде доделена наградата за поемата “Ако” на авторот Трајче Кацаров, годинешен добитник на наградата “Григор Прличев” која традиционално се доделува за најдобра поема, која за прв пат пред јавноста ќе биде прочтана од страна на авторот.
– Со оваа награда се промовираат нови писатели кои творат денес по примерот на Прличев, како и оние кои верно го следат неговиот пат и чии уметнички дострели се високи. Ние сме тука да ги промовираме и претставиме, рече директорката на НУ Центар за култура Григор Прличев, Драгана Боцевска.
Наградата се доделува секоја година, овој пат во организација на НУ Центар за култура “Григор Прличев” и Просветно дело, а со поддршка од Министерството за култура.
Манифестацијата продолжува на 6- ти феврари со полагање цвеќе пред споменикот и гробот на Прличев, посета на спомен куќата, а сето тоа ќе бид епроследено со соодветна програма.
Прличевите беседи се во организација на Центарот за култура, Охридската библиотека, Локалната самоуправа, Основното училиште “Григор прличев”, Просветно дело, Друштвото на писатели и Министерството за култура.