Претставата „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс која ја освои наградата Нета на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков” во Струмица, за актерска инвентивност, посветеност во остварувањето на режискиот концепт, повторно на репертоарот на охридскиот Народен театар. Ќе се игра во петок, 18-ти октомври, со почеток во 20 часот.


Актерската екипа е составена од: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски. Режисер е Софија Ристевска Петрушева.
Како што вели режисерот Петрушева, „Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби.
Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066

OhridNews