Ликовните творби на Славица Танеска, ученичка во седмо одделение во ОУ “Григор Прличев“, Јулија Митревска ученичка во осмо одделение во ОУ “Григор Прличев“ и Христина Ристеска од ОУ “Кочо Рацин“, се првонаградените ученици на распишаниот ликовен конкурс од страна на Здружението на граѓани Богојавление.

Цртежите на овие три ученички беа издвоени како најуспешни меѓу вкупно испратените 60 цртежи од учениците од сите основни училишта во општина Охрид.

– Радува податокот што на конкурсот на тема Богојавление- Водици се пријавија голем број ученици кои со своите твроби го прикажаа чинот на фрлањето на крстот во Охридското езеро, а радува и тоа што ликовните педагози во основните училишта ги мотивираа учениците да изработаат толку голем број на ликовни творби, истакна ликовниот уметник Славко Упевче, член на комисијата која ги разгледуваше пристигнатите цртежи.

 
Прво наградените ученици од страна на здружението добија подароци, како и парични награди во висина од 3000 денари за првонаградениот цртеж и по 2000 денари за второ и третонаградениот. 

Како што најавуваат од здружението, конкурсот ќе прерасне во традиција, при што наградите за најталентираните ученици секогаш ќе се доделуваат на Велики Четврток.

OhridNews