Победниците и второнаградените на националниот квиз од минатото полугодие, неодамна ја посетија Хидроцентралата Матка и Центарот за грижа на корисници на ЕВН Македонија, каде видоа како вработените телефонски ги советуваат корисниците за разумно користење на електричната енергија и како се произведува електричната енергија. Меѓу наградените ученици беа и основците од ОУ Живко Чинго од село Велгошти.
Годинава ЕВН Македонија стартува со Училишниот проект но со одредени измени- наместо еден училишен час, децата ќе станат дел од енергетски клубови кои ќе се основаат во училиштата и активно ќе работат во текот на целата година. Енергетските клубови ќе се оформат во 15 училишта низ Македонија и нивна задача ќе биде развивање на конкретни мерки за енергетска ефикасност во нивните училишта, соседство, општини. Со овој модел ќе се креираат оддржливи акции за енергетска ефикасност во училиштата, од што ќе имаат и корист идните генерации.