
На регионалниот патен правец Р2137 Војшанци – Бистренци – Корешница, делницата помеѓу Бистренци – Корешница, ќе биде затворена за сообраќај за сите видови на возила поради изведување на градежно – асфалтерски работи од 02.11.2016 (среда) до 05.11.2016 (сабота).
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.
OhridNews
					



							






