Гостите од соседните земји ќе бидат најбројни во Охрид за новогодишните празници, најавуваат охридските туристички работници.

Според податоците на Асоцијацијата на хотелиери на Македонија, покрај домашните туристи засега се најавени бројни гости од Србија, Бугарија и Косово.

Според нашите податоци, оваа година ќе имаме доста домашни и странски туристи за новогодишните празници. Пред се се работи за гости од соседните земји, односно од Србија, Косово и Бугарија.“ – вели претседателот на Асоцијацијата на хотелиери на Македонија(ХОТАМ), Дончо Танески.

Слични најави имаат и охридските туристички агенции, кои истакнуваат дека покрај гостите од опкружувањето, оваа година голем интерес за „балканскиот Ерусалим“ постои и во Турција.

„Би ги издвоил гостите од Србија и Црна Гора, како и тие од Албанија и Косово кои се константно присутни за празниците. Според досегашните најави кои ги имаме од хотелите и нашите партнери, оваа година во Охрид ќе бидат присутни туристи од Бугарија, а во поголем број најавени се и гости од Турција.“ – вели Јаким Маленко, од Т.А. „Вис Пој“.

Оттаму потенцираат дека за разлика од минатите години, кај туристите постои голем интерес за приватните сместувачки капацитети.

Околу 70 отсто од туристите кои доаѓаат од Србија и Црна Гора пројавуваат интерес за приватните сместувачки капацитети. Меѓутоа, тука не се исклучени ниту хотелите кои оваа година имаа добри понуди за новогодишните празници и тоа дводневни и тридневни аранжмани. Се надеваме дека Новата Година, Охрид ќе ја дочека полн, а туристичките работници и самите граѓани ќе бидат задоволни.“ – додава Маленко.

Tуристичките работници од приватните сместувачки капацитети информираат дека резервациите и купувањето аранжмани го очекуваат во текот на последните неколку денови од 2013-та година.

Се’ уште намаме резервации за новогодишните празници. Изминатите години, најчесто тоа беа гости од соседните земји. Како и секогаш се надеваме дека градот ќе биде посетен, а како точно ќе испадне ќе покаже времето.“  – вели охриѓанец, сопствник на приватен сместувачки капацитет во строгиот центар.

Неодамна, градските власти и угостителскиот еснаф најавија незаборавен дочек на Новата година во Охрид со атрактивна програма која треба да придонесе за збогатување на туристичката понуда во градот.

Изминативе години локалната самоуправа и здружението Богојавление успеаа да го афирмираат празникт Водици и надвор од главната туристичка сезона привлекоа голем број гости. Наша цел е таа иницијатива да се прошири и со новогодишните празници.“ – изјави неодамна градоначалникот Никола Бакрачески.

O.T.