Како што информираат од СВР- Охрид, засега од нив не се побарани посебни мерки за обезбедување на Слим или воспоставување на посебен режим на сообраќај по неговото доаѓање.
Карлос Слим е предвидено во Охрид да посети дел од културно- историските споменици и локалитети , меѓу кои и Плаошник.
Карлос Слим, кој своето богатство го има стекнато во секторот на телекомуникациите, сега работи и во областа на трговијата, финансиите, суровините и енергетиката. Од минатата година е сопственик на акции во синџирот продавници „Сакс“ и издавачката куќа „Њујорк тајмс“.
Освен Слим, на конференцијата во Охрид ќе присуствуваат и неколку извршни директори на најголемите светски компании од ИТ индустријата.