Најдобриот играч на Рома минатата сезона Миралем Пјаниќ ќе го облече дресот на Јувентус откако фудбалерот ги помина лекарските прегледи во Торино.


Репрезентативецот на Босна и Херцеговина со „бјанконерите“ ќе потпише пет годишен договор и ќе стави точка на шпекулациите околу неговото име.

Во името на Пјаниќ, „старата дама“ ќе добие екстра квалитетно засилување во средниот ред, што пак можеби ќе значи и збогум за Пол Погба кој е мета број еден на Реал Мадрид.

Минатата сезона во дресот на „волчицата“, Пјаниќ доминираше постигнувајќи неколку значајни погодоци кои на Рома и донесоа пласман во Лигата на Шампиони.

OhridNews