Александар Спасески, ученик во четврта година во УСО „Св. Климент Охридски“ е единствениот охриѓанец кој ќе патува во Скопје на Државниот натпревар по програмирање.

Спасески, под менторство на проф. Јордан Пуроски ја освои втората награда на Регионалниот натпревар по програмирање со што се стекна со правото да учествува на Државниот натпревар во Скопје.

Натпреварот во Скопје ќе се одржи од 27- ми до 29- ти април и на него ќе учествуваат најдобрите ученици по програмирање од целата земја.

OhridNews