Со настапот на еден од најдобрите балкански и европски Џез  бендови, Васил Хаџиманов бенд, вторник на 16- ти август на плажата Куба Либре, се отвара првиот  “Џез фестивал” во Охрид.
 
Генерално нивната изведба ќе биде во нивниот прпознатлив стил џез-фанк/фјужн со композиции од нивниот последен албум “ Живота ми” кој од страна на музичките критичарии е оценет како најдобар албум на Балканот.


На втората вечер 17- ти август, ќе настапи еден од најдобрите грчки џез музичари Костас Теодороу со постава која доживува голем успех низ Европа преку нивните концерти и многубројни албуми. Ќе настапат со најдобрите композиции од  нивните последни албуми, претежно во етно-џез стил.

После овие два настапа следуваат два пополноќни џем сешн  концерта во џез клубот “ Џез инн”  за кои дополнително ќе се објават датумите и учесниците.

На последната вечер, 24- ти август, следува настапот на еден од најдобрите перкусионисти на сите времиња, кубано-американската звезда Оскар Салас , познат како член на бендовите на Дејвид Брн, Џако Пасториус,Артуро Сандовал,Алекс Акуна , Брекер Брадрс и многу други, во заеднички настап со триото на нашиот џез виртуозот Тони Китановски.

Од организацијата на Џез фестивалот информираат дека овој фестивал, кој за прв пат се одржува во Охрид,  е најава за следниот фестивал во август 2012, кога на истиот ќе има  богат репертоар , со настап на познати изведувачи од повеќе странски држави.

OhridNews