Анастасија Игњатовска, Милјана Шулајкоска, Марија Таштаноска од ОУ „Григор Прличев“, Сања Симоновиќ и Мартина Трифуноска од ОУ „Христо Узунов“, Мартин Таламаноски од ОУ „Св. Наум Охридски“ и Климент Младеноски од ОУ „Кочо Рацин“- се најдобрите основци- математичари од Охрид кои на 5- мај ќе учествуваат на Републичкиот натпревар по математика, чиј домаќин најверојатно ќе биде градот Битола.

Овие ученици, под менторство на професорите Анита Николоска, Кристина Крстеска, Мартин Таламаноски и Мимоза Малезаноска ги освоија највисоките места на регионалниот натпревар, кој се одржа на 31 март и со тоа го обезбедија своето учество на Републичкиот натпревар, каде своите знаења по математика ќе можат да ги докажат заедно со најдобрите ученици од целата земја.

Како што потенцираат од Здружението на математичари, охридските ученици секоја година учествуваат на најпрестижните натпревари по математика во земјава и регионот, од каде се враќаат со освоени високи награди. – Минатата година двајца основци од Охрид беа меѓу вкупно петте учесници од Македонија кои се натпреваруваа на Математичката олимпијада, која се одржа во Кипар од каде се вратија со награди, нагласуваат од Здружението на математичари. 

OhridNews