Меѓу предавачите ќе бидат Нела Јолеска – основач на „Извор“ првиот Центар за развој на емоционална интелегенција во Македонија која на 6- ти април ќе изврши предавање на тема „ Емоционална интелегенција – развој и користење на клучните емоционални вештини“.
На 13 Април, ќе с еодржи семинар за комуникација и комуникациски вештини „Ефективна Комуникација – Можам Ли Подобро?“, предавач ќе биде М-р Анета Мајсторова – Дипломиран психолог и независен обучувач од областа на човечки ресурси, повеќегодишно работно искуство како обучувач во „Орифлеим“, „Цептер“, КОСМО Иновативен Центар, ЦС Глобал и многу други.
На 23 април – заинтересираните ќе имаат можност да ја проследат социодрамата „Како да го добијам она што го сакам?“. Предавачи ќе бидат: Мирјана Јовановска Стојановска – дипл.психолог, лиценциран психотерапевт од Комората на психолози на Р. Македонија; психодрама терапевт и гешталт психотерапевт и сертифициран супервизор за психотерапија од Гесталт Институт, Лондон, Велика Британија и Маргарита Николовска – дипл.психолог, лиценциран психолог од Комората на психолози на Р Македонија, психодрама психотерапевт и ЕУ сертифициран тренер за психосоцијална рехабилитација на ранливи групи, Претседател на Амигдала. И двете предавачки се вработени во „Сега и Овде“ приватен кабинет за психотерапија, советување и психодијагностика.
На 27 април ќе следува „ Обука за справување со Конфликт, Стрес и Бурноут (Емоционално согорување)“ и на 11 Мај – „ Сексуално здравје и и љубовно-еротско умеење“. Предавачи: Димитар Митров – Љубовно-еротски терапевт и учител по Комаја медитација. Веџие Авдиу – доктор по општа медицина, вработена во Градска општа болница 8-ми Септември Скопје. Долгогодишно искуство со јога, медитација и себеспознавање.
Предавањата ќе се одржуваат во просториите на ЛАР Струга.