-Оваа година за прв пат се организира ова спортско натпреварување на учениците на кое учествуваат познати ѕвезди од Македонскиот спорт. Учениците во рамки на спортскиот камп ќе може да тренираат со познатите ѕвезди, ќе може да слушаат предавања кои се однесуваат на фер спотската игра, за значењето на спортот , за ненасилството на спортските терени и за здравиот живот. –изјави министерот Тодоров.
Тој нагласи дека ова е еден од начините со кој се дава поголемо значење на целата оваа манифестација и дека на овој начин ќе се придонесе за поголема масовност на кампот наредните години.
-Оваа година сум изненаден од интересот за учество на оваа манифестација, дури 30.000 ученици беа вклучени во неа. Од нив 3000 ученици учествуваа на државните напревари, а за најдобрите 250 од нив, е организиран овој летен камп. Од најдобрите училишни спортисти, 120 ученици се сместени тука во Охрид, а 130 се сместени во Крушево.-објасни Тодоров.
Летниот спортски камп во Охрид ќе трае до 24 јуни 2010 година.