Сагата околу трансферот на Лука Модриќ во Реал Мадрид заврши, хрватот за 33 милиони евра е нов фудбалер на “кралевите“. Една од главниот алки во селекцијата на Хрватска, Модриќ потпиша пет годишен договор со најтрофејниот шпански тим.

Хрватскиот репрезентативец повеќе од еден месец не тренираше со екипата а одби да оди на подготвителниот период со Тотенхем во Америка. Челниците на “петлите“ попуштија и Модриќ ги засили редовите на Реал Мадрид.

Мх.П.