Дури и под услов да се гарантира зачувување на македонскиот национален идентитет, 53,6 проценти од македонските граѓани не го прифаќаат името „Горна Република Македонија“, неодамна понудено од медијаторот Метју Нимиц како можно решение во спорот за името, покажала анкетата на агенцијата „Рејтинг“, направена во соработка со „Фокус“, пренесува „Макфакс“.
Ваквото решение било прифатливо пак за 37,5 отсто од анкетираните, а 8,9 проценти одговориле дека не се сигурни. Предлогот на Нимиц бил прифатлив за 59,1 процент од Албанците во земјава, а истиот процент кај Македонците изнесувал 29,3 отсто.
Анкетата на „Фокус“ била спроведена на 1560 испитаници, во периодот од 2 до 7 септември.
OhridNews
извор:„Макфакс“