По невработеноста, сиромаштијата, ниските примања и високите цени, корупцијата е на петто место како проблем на граѓаните во земјава.
Во извештајот на Македонскиот центар за меѓународна соработка констатирано е дека граѓаните препознаваат различен облик на корупција, не само поткупот како основен облик на корупција.
Врз основа на перцепцијата на граѓаните, цариниците и судиите се професии кои се најкорумпирани, но тоа не е така кога станува збор за директната вклученост во корупција, бидејќи во овој случај најкорумпирани се лекарите, општинските службеници итн.
Американскиот амбасадор Пол Волерс, рече дека лани Антикорупциската комисија истражила 228 случаи за борба против корупцијата, но само седум биле со судска завршница, што е, како што оцени, ништо.
Инаку, извештајот е подготвен во рамки на Програмата на УСАИД за борба против корупцијата.
OhridNews