Најмалку 54 лица се повредени во железничка несреќа во Салцбург, соопштија претставници на австриската железница. Портпаролот на железницата ОББ изјави дека 54 лица биле пренесени во болница и дека сите се со лесни повреди.

Несреќата се случила додека возот бил на станицата во текот на маневр за спојување вагони од два воза од линиите Венеција-Салцбург и Цирих-Салцбург.

Во вагоните во моментот на судирот имало околу 240 патници. Возот од Салцбург требало да продолжи за Виена.

OhridNews
Макфакс