Доаѓањето на Новата Година, попладнево на градскиот плоштад, први го прославија најмладите граѓани на Охрид.

Во организација на локалната самоуправа, се организира детска забава, со учество на ученици од сите основни училишта во градов. На забавата настапија и познати млади музички ѕвезди од фестивалот “Распеано рибарче“.

Водител на забавата беше шоуменот и радио водител Жанко З’ш Голабоски.


Истовремено, во рамки на проектот, младите ликовни уметници, но и оние кои се чувствуваат талентирани за цртање, на градскиот плоштад, можеа да ги покажат своите вештини на отворената јавна работилница под мотото “Младите ликовни уметници цртаат за Детското одделение при Општа болница Охрид”.


На посебно поставените штафелаи, нашите сограѓани имаа можност да ја покажат својата ликовна креативност и со цртање да придонесат во боите на нивните дела да уживаат и се радуваат децата кои се лекуваат на Детското одделение.

Работилницата ја водеа младите уметници Славчо и Анастасија Баче, а реализацијата на истата ја помогна продавницата “Суна”.

OhridNews