Со низа активности денес се одбележува 31- ви октомври, Светскиот ден на штедењето. Во повеќе градови низ земјава се организираат и едукативни посети на децата од детски градинки со цел да се потенцира важноста и потребата од штедењето од најмала возраст.

Како да научат да штедат, денес ќе имаат можност и најмладите во охридската Детска градинка “Јасна Ристеска”, која ќе ја посетат претставници од “ТТК Банка АД Скопје”, кои на децата ќе им доделат и симболични подароци.

31 Октомври е прогласен за светски ден на штедењето, кој се слави како сеќавање на Првиот меѓународен конгрес на штедилниците одржан на овој ден во 1924 година во Милано. Учесниците на Конгресот се согласиле дека штедењето е многу потребно за развој на човештво. Таа одлука е донесена од страна на 350 делегати од 27 земји, кои претставувале околу стотина милиони штедачи.

OhridNews