Со промотивно возење на децата згрижени во централниот објект при ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, започна со работа двокатниот панорамски автобус .

Панорамскиот автобус ќе им биде на располагање на сите заинтересирани групи кои ќе имаат интерес од една друга перспектива да ги видат убавините на Охрид и Охридското езеро. Ги упатуваме сите потенцијални корисници да се обратат во дирекцијата на ЈП „Билјанини Извори“ 046/231535 за да добијат повеке информации околу користењето на автобусот, се со цел да им излезиме во пресрет на сите заинтересирани, велат од јавното претпријатие „Билјанини извори“ кое стопанисува со автобусот.

ЈП „Билјанини Извори“  минатата година го доби на користенје двокатниот панорамски автобус со одлука на советот на општина Охрид, а по предлог на градоначалникот Никола Бакрачески.

OhridNews