По повод Светската „Недела на движењето“ Ј.П. „Билјанини Извори“ во соработка со Федерацијата за рекреативен спорт организираат неколку спортски настани за децата од градинките, основните училишта и рекреативците.
Денес, со почеток во 10 часот во спортската сала „Билјанини Извори„ ќе се одржат организирани спортски игри за децата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска„ , објект „Лихнида„. На настанот учество ќе земат децата од поголемите групи од градинката.
Активностите продолжуваат и утре кога со почеток во 15 часот во спортската сала во О.У. „Григор Прличев“ ќе се организираат спортски игри .
Третиот настан по повод Светската „Недела на движењето е „ Aerobic open day“ кој ќе се одржи на 12- ти октомври , сабота, во спортска сала „Билјанини Извори“ со почеток во 20 часот. На настаните може да учествуваат сите кои имаат желба да вежбаат и да се дел од спортските случувања.
Покровители на настанот се Агенцијата за спорт и млади и Меѓународната асоцијација за спорт и култура ISCAсо седиште во Копенхаген.