Со низа активности, најмладите од охридските детски градинки се приклучија кон одбележувањето на светскиот „Ден на акција“, што се организира на меѓународно ниво за сите училишта и градинки кои се дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен сиситем“.Овој ден претставува посебна активност каде што училиштата и градинките од целиот свет превземаат еколошки акции со цел создавање на поодржлив свет.

Програмата еко-градинка е интернационална програма на Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) која се спроведува од 52 земји од целиот свет. Таа е насочена кон менаџирање на воспитно-образовните институции на начин кој не и наштетува на животната средина.

Во Република Македонија, национален координатор за програмата Еко-градинка е Здружението на граѓани ОХО , а се спроведува во соработка со министерството за образование и наука.

OhridNews