Децата од големите групи од петте објекти при детската градинка “Јасна Ристеска”, албанската и турска група, како и дечињата од продолжен престој , деновиве забрзано се подготвуваат за свечената приредба која ќе се одржи во понеделник, по повод патронатот на градинката, 7- ми ноември Денот на ослободувањето на Охрид.
Ги затекнавме на големата сцена од Центарот за култура каде возбудено ги следеа инструкциите од своите воспитувачки. Предвидени се осум точки, за кои е подготвена посебна кореографија според музиката од познатите цртани филмови.
Свечената приредба ќе започне во 18 часот, а претходно во текот на денот предвидено е да биде пуштено во употреба и новото детско игралиште во објектот Росица.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com