Во рамките на проектот „ Од дете за дете“ , во објектот „ Лихнида“ при ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“, утре, 17- ти октомври , со почеток во 10 часот, ќе се одржи хуманитарна акција- аукција на меки кукли и предмети изработени од децата, родителите и воспитните тимови во градинката.
На овој начин градинката се вклучува во кампањата „ Денот на гладта“, а собраните средства од аукцијата ќе бидат наменети за деца од социјално загрозени семејства, деца кои се згрижени во домови за деца без родители и деца кои подолго време престојуваат во болници.
OhridNews