Активностите беа организирани од искусни инструктори и професори по физичко воспитување , а се состоеја во спортски натпревари во повеќе дисциплини.
Децата се забавуваа со песнички од детското фестивалче ,,Распеано рибарче‘‘, а имаа можност да се запознаат и да разговараат и со врвни спортисти од нашиот град, меѓу кои пливачот Александар Маленко, Гоце Мојсоски – бодибилдер како и со велосипедисти од велосипедскиот клуб ,,Еко Дром“.
Децата под будното око на професионалните тренери, имаа можност и да запливаат и се освежат во малиот градски базен.