Најмладите охриѓани во иднина ќе може да уживаат во обновеното детско игралиште кај каналот Студенчишта, кое денеска беше свечено пуштено во употреба. Проектот за реновирање и проширување на игралиштето го реализираа општина Охрид и ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ во соработка со Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје.

На отварањето на игралиштето освен градоначалникот Никола Бакрачески и претставници на Локалната самоуправа, присуствуваше и Амбасадорката на Германија Кристине Алтхаузер.

Реконструираниот детски парк сега се протега на површина од 397 метри квадратни. Старите детски реквизити се заменети со нови, а се изврши и соодветно хортикултурно уредување на  просторот. 

OhridNews