Во рамки на завршните активности од проектот „Екологија – Здрава храна“, денес, во детската градинка „ Развигорче“ беа презентирани различни интересни и креативни форми изработени од овошје и зеленчук, кои најмладите ги изработија заедно со своите родители.

Преку низа активности посветени на здравата храна, децата во објектите при ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ се едуцираат за значењето на здравата храна и екологијата. Учат како да штедат вода, електрична енергија, како треба да се користи сончевата енергија.

OhridNews