Утре, по повод Денот на пролетта, во објектот – детска градинка ,,Развигорче‘‘ во 09.30 часот се организира проектна активност насловена ,,Пролетта расцвети, сонцето засвети‘‘.

Најмладите ќе имаат можност да бидат маскирани во предвесници на пролетта, по што ќе дефилираат, играат и се дружат славејќи го доаѓањето на пролетта.

Од градинката апелират до родителите да подготват соодветни маски кои нивните деца ќе може да ги носат на утрешната забава.

OhridNews