Расфрлани хартии, пластични шишиња, буквално го прекрија просторот на едно од неколкуте детските катчиња кои неодамна беа ставени во употреба, во непосредна близина на охридската гимназија и основното училиште „Григор Прличев“.


Најмладите кои деновиве тука го минуваа своето слободно време, воопшто не внимавале каде ќе го фрлат отпадот.  Очигледно дека нивните родители и наставници ќе треба уште некое време да поработаат на подигнување на нивната свест за екологијата и комуналната хигиена и дека отпадот треба да се фрла во корпа за отпадоци.

OhridNews