Охридските основни училишта и објектите при градинката „Јасна Ристеска“ се приклучија кон еко- акцијата „Садница плус“, која денес се реализираше во речиси сите градови низ земјата.


Со голема радост основците од ОУ „Христо Узунов“, садеа  семки  за дрвца во саксии, за кои ќе треба да се грижат и никнатите догодина да ги пресадат во дворовите и околината на училиштето.

Акцијата се реализира и во објектите при градинката „Јасна Ристеска“, каде најмладите садеа заедно со своите воспитувачки.


Акцијата  ја  организира  Здружението  „Ден  на  дрвото – засади ја својата иднина“, а поддржана  е од министерствата за образование и наука и за труд и социјална политика,  Заедницата  на  единиците  на  локална  самоуправа  (ЗЕЛС)  и ЈП Македонски шуми.

За реализација на еко- акцијата Садница плус ЈП  „Македонски  шуми“  обезбеди 600.000 семки за јасен.

OhridNews