Синоќа на Градскиот базен „Атина Бојаџи“, се оддржа вториот настан од проектот ЈП „Билјанини Извори за децата“ .

Најмладите уживаа во претставата „Принцот жаба“ во изведба на Театарот за комедија и драма „Крик“ од Скопје. Улогите во претставата ги толкуваа: Сашо Ристовски, Роберт Ристов и Мирјана Поповски – Ристов.

Од ЈП „Билјанини Извори“ и во текот на месец август продолжува со низа активности и настани за најмладите .

OhridNews

OhridNews