Во Охрид речиси и да нема детски парк во кој родителите би ги однеле своите деца кога времето е убаво и каде најмладите би поминале дел од времето забавувајќи се и играјќи на чист воздух.


Единственото заштитено од возила катче на кое тие имаа можност да се забавуваат, кое со донација беше отворено пред неколку години е целосно руинирано, а поголемиот дел од детските реквизити се искршени .


Во време кога поради забрзаната урбанизација се почесто се уништуваат зелените површини и парковите околу станбените згради, местата на кои децата можат безбедно да си играат станува вистински луксуз.  

OhridNews