Во рамки на програмата „ Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, денес, во детската градинка „Јасна Ристеска“, објект „Развигорче“ се одржа модна ревија ,,Еко – топ модели“, на која изработените модели ги носеа дечињата од детската градинка.

Во организирањето на модната ревија учество зедоа и воспитно образовниот и воспитно згрижувачкиот тим како и Анастасија Балева и Лиле Велјаноска ученички во гимназијата „Св.Климент Охридски“.

Модната ревија се организира со цел одбележување на празникот Илинден и разбудување на свеста кај децата од најмала возраст.

ohridNews