Најмногу снег во градовите наврнало во Крушево 50 сантиметри, во Тетово 28 сантиметри, а во Охрид снежната покривка изнесува 26 сантиметри, информира УХМР.

Утрово се измерени ниски температури во целата земја. Најстудено било во Маврово каде живата во термометрите се спушти до -10 степени Целзиусови Насекаде утрово температурите се се под нулата.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи на снег. Максималната дневна температура во Охрид ќе се движи околу нулата.

OhridNews