Следејќи ги светски стандарди и користејќи реномирана опрема од највисока класа, агенцијата Cleanex Professional претставува бренд во охридскиот регион, чија визија е да воспостави врвна услуга за темелно оддржување на хигиената не само во домовите на охриѓани, туку и во нивните деловни простории, угостителски објекти, канцеларии, заеднички површини на станбени простории и санитарии.

Зад нивното портфолио се наоѓаат соработки со реономирани хотелски и угостителски објекти од охридскиот регион, а задоволните клиенти ги посочуваат како единствени кои се одликуваат со професионализам, брзина, ефикасност и најефтини цени на охридскиот пазар.

Она што оваа компанија ја издвојува од конкуренцијата е длабинското машинско чистење (перење) на сите видови теписи, теписони, синтелони, тапациран мебел и сушење на лице место.

Прeдноста која Cleanex Professional ја нуди со оваа услуга е во тоа што веќе не е потребно теписите, теписоните, синтелоните и другиот вид на меки подлоги да се преместуваат од домовите. Нашиот тим доаѓа со специјализирани машини и хемиски ги обработува  оставајќи ги суви и употребливи веднаш по завршување на работата. Машинско перење на тапациран мебел го извршува специјализиран тим, обучен да работи со екстракционите машини и хемиски средства кои ги користиме, оставајќи го мебелот 90 отсто сув по завршување на хемиската обработка.“ – велат од Cleanex Professional.

Исто така, Cleanex Professional врши хемиско чистење на возила, генерално чистење, тековно оддржување на хигиената, а во сите услуги се користат најновите технологии и препарати за чистење од програмата на Hagleiter – Austria, TTS, Unger – Germany u Ma-Fra и Elsea – Italy со проверен квалитет и безбедност во работењето.

Имајќи ја предвид уникатноста на полето на работа на Cleanex Professional на просторот на Охрид и околината, наша цел е да ја стекнеме довербата на клиентите и преку нашата услуга да им ја посочиме важноста на редовното оддржување на темелна хигиена во нивната непосредна околина. Затоа, Cleanex Professional разви палета од сеопфатни сервиси со цел што подобро да се задоволат високите стандарди на корисниците и да се олесни нивното секојдневие преку овозможување на лесен пристап до сите потребни услуги преку само една агенција.“ – додаваат од Cleanex Professional.

Како што посочуваат од оваа агенција, примарната цел е подигнување на стандардите за оддржување на хигиената.

Нашата мисија е да се подигнат стандардите за оддржување хигиена преку ставање на потребите на клиентите на прво место, одговорност и организираност во работата, исполнителност и постојан труд за надминување на очекуваните резултати, како и преку користење на најнова технологија и професионални препарати за чистење.“ – велат од Cleanex Professional.

OhridNews