Од вчера, македонската филмографија е побогата за уште едно дело. Се работи жанр, кој не е доволно застапен на нашето поднебје. Психолошката/трилер драма насловена како „Параноја“, викендов и официјално ја доживеа светлината на денот.  Ова филмско остварување на режисерот Трифун Ситниковски, беше премиерно прикажано пред скопската публика во една од кино салите во нашата метропола.

Овој трилер, ни ги прикажува последиците предизвикани од решителноста на еден писател да го достигне својот идеал, односно да го создаде своето најдобро дело. Потрагата по сонот, само ги испреплетува емоциите, љубовта, неправдата, пријателството, алчноста и себичноста. Сето тоа зачинето со доза неизвесност до самиот крај, го прави „Параноја“ интересен и возбудлив на гледачите до последната сцена.

Улогите ги толкуваат Дамјан Цветановски, Верче Карафилоска, Александар Ристоски, Шеро „Мастер М.“ Мустафа, Симона Стојановска, Љубомир Јакимовски, Тамара Котевска и Марија Арсенкова. Музиката е на Шеро Мустафа, а режисерот Ситниковски се јавува и како сценарист. Продукцијата е на „Вертиго филм груп“.

OhridNews