Годинешното, 51-во издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде отворено со проектот „Трилогиа Романа“ од Оторино Респиги, во продукција на шпанската компанија „Ла Фура делс Баус“, информираат од дирекцијата на фестивалот.

Деталите за проектот и самото отварање на фестивалот се очекува да бидат соопштени утре, на прес конференцијата која ќе се одржи во Скопје, а ќе ги презентира уметничкиот директор на компанијата Карлус Падриса.

OhridNews