Од големите осцилации на езерската вода најпогодени се организмите во литоралот, односно организмите кои живеат на дното на езерото, под камењата и на самиот брег. За среќа нивната голема моќ за адаптација овозможува брзо прилагодување и не доведува до нивно исчезнување, објаснуваат од Хидробиолошкиот завод.
– Осцилациите во езерските екосистеми се вообичаена појава. Во моментот нивото на водата во Охридското езеро е под природната кота, што е резултат на неповолните метеоролошки услови, односно ретките врнежи од дожд и снег во есенскиот и зимскиот период. Секое менување на нивото на водата влијае врз живиот свет, но тој е способен да се адаптира на осцилациите. Се надевам дека во наредниот период ќе имаме поволни метеоролошки услови кои ќе доведат и до покачување на нивото на водата во езерото, вели директорката на Хидробиолошки завод, Сузана Патчева.
За разлика од пролетниот период кога водата во Охридското езеро се наоѓаше на 23 сантиметри над природната кота, во моментов нивото на водата е на 693,15 метри надморска височина , односно два сантиметри под природната кота која изнесува 693,17.
OhridNews