На покана од Агенцијата за поддршка и развој на туризмот, новинарските екипи од националната Радио телевизија Србија и најстариот дневен весник „Политика“, придружувани од туристички работници од агенциите „Контики травел“, „Србиан травел“ и „Матико травел“, при посетата на Охрид имале можност да ги посетат најзначајните културно- историски споменици, атрактивни локации, а при тоа оствариле средби и со познати угостители од Охрид и претставници од бизнис секторот.
Освен Охрид, српските новинари и тур оператори ги посетиле и Струга, Вевчани, Маврово, Скопје и тиквешкиот регион.
Првиот прилог за туристичката понуда и убавини на Охрид и Македонија од страна на „Политика“ е објавен на 18- ти април. Се очекува во наредниот период од страна на овие две медиумски куќи во Србија да бидат објавени серија прилози со слична содржина.