Подрачното училиште “Ванчо Николески”, веќе традиционално, четврта годна по ред , по идеја на предметниот наставник по македонски јазик, проф. Димче Донески  и  на неговите ученици осмоодделенци, подготви и организира Изложба на велигденски јајца  и Избор на најјајце.


– Поради  вонредните услови  – реновирањето на покривот на училиштето , изложбата  сега  е сместена во просториите  на зградата од поранешната општина. Таму, со  одличното разбирање и прием на домаќините, ни беше отстапена просторијата на Општинскиот центар за услуги, каде  беа изложени  100-тината  прекрасно исшарани и украсени јајца, чии автори се  токму учениците на подрашното училиште во Косел, а со свои јајце-творби учествуваа и учениците од подрачната паралелка во Вапила, изјави проф. Донески.



Изложбата  предизвика голем интерес кај сите ученици и вработените во зградата на поранешната општина, а истата ја посетија и родители на учениците од Косел.


Меѓу стотината јајце-творби можеше да се забележат различни мотиви, соодветно на детската фантазија и  ученичкото секојдневие, а изборот на Најјајце го направи седумчлената комисија во која  беа претставник на родителите, претставникот на  Општинскиот центар за услуги, раководителот на училиштето, како и наставници кои  за  овој ден  се ангажирани во Косел. По подолго разгледување и дискусија , комисијата  одлучи да награди  12  ученици, чии јајце-творби посебно им го запреа погледот. Најдобрите  ќе бидат наградени со соодветна  книга, како  и ЦД со македонска изворна песна.


        

Изложбата беше отворена и за првомајските празници, а наградите за најдобрите ќе  бидат врачени на 10-ти Мај,  денот кога ОУ”Ванчо Николески” го чествуваа сојот патрон.

OhridNews