Меѓу другите големи достигнувања на научниците во изминатата година, магазинот го вброи успехот на јапонската мисија „Хајабуса“ за доставувањето примероци од материјалот од астероид, новите податоци за „трагите“ на неандерталците во геномот на современите луѓе, студијата за структурата на протеинот одговорен за фотосинтезата кај растенијата, откривањето на ѕвезди практично без тешки елементи и голем број други откритија.
Прекин во синџирот на ХИВ
Антиретровирусната терапија, којашто ја примаат лицата заразени со ХИВ, може да има двојна полза: таа не само што го попречува развојот на СИДА-та, туку исто така и до 96 отсто го намалува ризикот од пренесување на вирусот на други лица преку хетеросексуален сексуален однос. Овој факт е докажан во обемната студија ХПТН 052, чии резултати беа објавени во мај 2011 година а во август публикувани во специјализираното списание Нењ Енгланд Јоурнал оф Медицине.
Меѓународниот проект ХПТН 052 започна во 2007 година. Во него беа вклучени повеќе од 1,7 илјади хетеросексуални двојки од девет земји – Бразил, Индија, Тајланд, САД, Боцвана, Кенија, Малави, Јужна Африка и Зимбабве. Еден од партнерите во секоја двојка беше ХИВ-позитивен.
Кај половината од ХИВ-позитивните пациенти, научниците ги инјектираа ретровирусните препарати веднаш, кај другите откако кај нив биле потврдени знаци на акутно влошување на имунолошкиот систем, односно почетокот на СИДА. Научниците имале намера да ја проверат хипотезата дека антиретровирусни лекови кои се наменети за лица со намалено вирусно оптоварување, можат да го намалат ризикот од инфицирање. Скептиците сметаа дека таквите лекови не влијаат врз концентрацијата на вирусот во телесните течности, преку кои и се пренесува оваа инфекција.
По четири години истражување, научниците забележаа дека пораниот почеток на започнувањето на антиретровирусната терапија имало значително влијание врз пренесувањето на вирусот, а згора на тоа инфекцијата не се пренела во речиси 100 отсто од случаите.
Експертите наведуваат дека резултатите од студијата не треба да се сфатат дека таквата терапија сама посебе може да ја запре епидемијата. Сепак, во комбинација со други методи, ширењето на СИДА-та може да биде забавено.
Супстанции од астероид
Јапонската сонда „Хајабуса“ којашто во 2003 година беше лансирана во Вселената за да достави на Земјата материјал од астероидот Итокава, за малку не успеа. Поради проблемите при собирањето на мостри од површината, научниците не беа сигурни дека сондата за собирање примероци воопшто ќе успее да донесе нешто.
Меѓутоа, во капсулата на сондата што слета кон средината на јуни 2010 година во австралиската пустина Вумера, сепак беа откриени микроскопски честички на материја. Научниците во почетокот верувале дека тие би можеле да навлезат во капсулата уште на Земјата.
Меѓутоа, во март годинава беа објавени резултатите од испитувањето на хемискиот состав и структурата на 52 честички со величина од 0,03 до 0,01 милиметри. Честичките најдени на метеоритот, покажаа сличност со најдените на Земјата кои датираат од различни периоди на нејзиниот развој.
Така, јапонските истражувачи беа во можност да го испитуваат првпат во историјата на Земјата составот на небеско тело надвор од подрачјето меѓу Земјата и Месечината.
Траги од неандерталците
Годината на заминување, според мислењето на редакцијата на Сциенце, беше одбележана и со откритија при проучувањето на генетските корени на човекот. Истражувањето на геномот на неандерталците и денисовецот, како и нивната споредба со геномот на современите луѓе покажаа дека сé уште тие носат генетски карактеристики на архаичните форми на луѓето.
Останките на ткн Денисовскиот човек ги открија руските и европските археолози под раководство на германскиот научник Сванте Паабо во 2010 година, во Атлајскиот регион, за кои беше утврдено дека му припаѓаат на нов вид предок на современиот човек кој живеел истовремено со неандерталецот во земјите од југо-источна Азија и јужните делови на Кина.
Покрај тоа, оваа година беа објавени и резултатите од една студија за друг вид прачовек – австралопитекус (Аустралопитхецус седиба). Новите податоци покажуваат дека тој може да претставува мост меѓу дамнешните предци на луѓето и приматите.
Машина за фотосинтеза
Јапонските научници во 2011 година ги разоткрија тајните на клучниот елемент во механизмот на одвивањето на процесот фотосинтеза кај растенијата – механизам што влијае на речиси целиот живот на Земјата.
Истражувачите во почетокот ја изучувале структурата на протеинот „фотосистем ИИ“ (Пхотосѕстем ИИ или ПСИИ), со помош на кој растенијата го расчленуваат молекулот на водата во атоми на водород и на кислород. „Моделот“ на оваа молекула дозволува детално да се разгледа каталитичкиот реактор во оваа молекула и да се одреди ориентацијата во неа.
Девствено чисти облаци
Американски астрономи со помош на телескопите од опсерваторијата Кек открија „чисти” облаци од молекуларен водород во ткн Почетна Вселена, во која не постојат значајни примеси на тешки елементи предвидени со теоријата за хемиската еволуцијата на почетокот од постоењето на галаксиите.
Научниците веруваат дека нивното откритие може да побара ревизија на постојните теории за „метализацијата“ на Вселената, односно дека е речиси возможно дека мислењата оти суперновите ги распрашиле тешките елементи, не се толку ефикасни како што претходно се мислеше.
Учеството на метали во „Првиот облак“ се покажа илјада пати помало отколку типични вредности за концентрациите на молекуларниот гас, оддалечени на 10 милијарди години или повеќе од Земјата, додека во „Вториот облак“ за 100 пати. Оваа концентрација на метали асоцира со ткн „Ѕвездени популации ИИИ“, со коишто биле „населени“ првите галаксии. До денес, ниедна ваква ѕвезда не е пронајдена од страна на научниците.
Пописот на микроби
Европските научници спроведоа обемна студија врз микроорганизмите коишто живеат во цревата на човекот, и открија дека луѓето може да се разликуваат не само според крвните групи, туку исто така и од типот на нивниот цревен микробиом.
Се покажа дека на цревната бактериска „популација“ може да се подели на три вида заедниците кои не зависат од возраста или полот, или националноста на лицето. Покрај тоа, секој вид на микроб се разликува според тоа какви витамини може да произведе, како тој реагира на различни комплекси храна и да влијае на состојбата на домаќинот.
Да се победи маларијата
Првите резултати од испитувањето на вакцината за маларијата РТС,С, спроведено во седум африкански земји, иако не дадоа стопроцентни резултати, сепак даваат надеж за иднината на производство на ефикасно превентивно средство.
Во испитувањето биле вклучени 15 илјади деца на возраст од 6 до 17 месеци. Како што се покажа, новата вакцина развиена од страна на фармацевтската компанија „ГлаџоСмитхКлине“ (ГСК) заеднички со организацијата ПАТХ Малариа Ваццине Инитиативе, го спречува почетокот на првите акутни симптоми на болеста, но не ја елиминира маларијата.
Сепак, научниците веруваат дека по овој обид ќе следуваат нови, многу поуспешни.
Чудните соларни системи
Вселенскиот телескоп „Кеплер“ во изминатата година даде вистински придонес во откривањето на туѓите и чудни планетарни системи. Особено, кога станува збор за тоа дека астрономите открија систем во кој планетата гигант се движи по орбитата во спротивна насока, планетарен систем со бинарна ѕвезда, слична на Татуин од серијалот „Војна на ѕвездите“ и, најверојатно, десет „слободни“ планети кои патуваат низ пространствата без каква и да е врска со небеските тела кои зрачат светлина.
Нови катализатори
Зеолити се нарекуваат порозните минерали, кои се широко користени како катализатори во производството на нафтени производи, кај водните и воздушните филтри и средствата за чистење. Овие супстанции се користат за прочистување на водата на вселенските летала и за деконтаминација на радиоактивни вода, како што е примерот со катастрофата на јапонската нуклеарка „Фукушима“. Во природата се пронајдени околу 40 такви, но оваа година научниците од Јужна Кореја имаат создадено цело „семејство“ од нови вештачки материјали.
Стареечки клетки
Експериментите покажале дека, ако се отстранат од организмите на лабораториските глувци клетките одговорни за стареењето, или оние што престанале да се делат, тоа може да го одложи почетокот на симптомите поврзани со стареењето, како што се катарактот или мускулната слабост.
извор: „Мкафакс“