По увидот во целосната документација и разгледувањето на сите безбедносни аспекти, инспекторскиот тим на Агенцијата за цивилно воздухопловство констатирал дека двата аеродроми ги исполнуваат условите на Меѓународната воздухопловна организација ,односно анекс 14 од Конвенцијата за цивилно воздухопловство, како и законските и подзаконските акти за цивилно воздухопловство на Македонија.
Како надлежна воздухопловна власт, АЦВ е во постојана комуникација и со Европската комисија и Европската агеција за воздухопловна безбедност на ЕУ, со кои во октомври ќе склучи работни аранжмани, кои имаат цел да го издигнат квалитетот, безбедноста, како и ефикасноста на воздушниот транспорт во Република Македонија.