Според податоците на Државниот завод за статистика, на ниво на држава, во четвртото тримесечје од 2021 година, живородени се 5 015 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е зголемен за 12.4 %. Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2021 година е 7 186, од кои 34 се умрени новороденчиња и бележи намалување од 23.9 % во споредба со истото тримесечје од 2020 година. Природниот прираст е -2 171, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во Охрид во овој период се бележат 104 живородени деца и 215 починати лица, додека во Струга 131 живородени деца и 116 починати. Според податоците во Охрид се бележи природен прираст -111, додека во Струга позитивен кој изнесува 15.
Во третото тримесечје, пак, од 2021 година, во Охрид беа регистрирани 111 живородени деца и 159 починати лица, од кои 1 доенче. Статистички, во овој период во Охрид имаше природен прираст од – 48. Во Струга, пак, регистрирани беа 138 живородени деца и 189 починати лица со што природниот прираст беше – 51.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината на ниво на држава е намален за 3.5 % во споредба со истиот период во 2020 година, односно склучени се 2 707 бракови. За ова тримесечје се добиени 499 извештаи за разведените бракови, што претставува намалување за 5.3 % во споредба со истото тримесечје во 2020 година.
Во однос на бракови за овој период во Охрид се забележани 58 склучени и 14 разведени, додека во Струга 112 склучени и 15 разведени.
Во Охрид, во третото тримесечје беа склучени 126 бракови, а регистрирани беа 24 разводи, додека во Струга 184 бракови, а регистрирани исто како и во Охрид 24 разводи, беше наведено во податоците од Државниот завод за статистика.
Н.С.Ј.












