Позитивни и охрабрувачки се ефектите од спроведувањето на проектот „Превенција на насилството во училиштата„  кој денес беше тема на состанокот што СВР Охрид го реализира со советодавната група граѓани од Охрид. Во првите шест месеци од оваа година, регистрирани се вкупно 9 нарушувања на јавниот ред и мир во училиштата во Охрид за разлика од ланските 12 евидентирани физички напади и тепачки случени во училиштата. Во 2009 година, во Секторот за внатрешни работи Охрид биле пријавени 16 нарушувања меѓу ученици.


    
Паралелно со ова, СВР Охрид активностите ги насочува и кон превенирање на насилствата на спортските натпревари за што денес на состанокот беа поканети и претставници на навивачката група „Рибари“. И тука бележиме тренд на намалување на нарушувањата на јавниот ред и мир за време на спорски настани. Во првите девет месеци од оваа година, на спортските натпревари во Охрид регистрирано е едно нарушување додека таа бројка за 2010 година изнесува 7.


          
На средбата која денес се одржа во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ беа изнесени мислења и заложби на полицијата за сеопфатно делување и зголемување на безбедноста во училиштата како и неопходноста од зголемување на степенот на соработка со граѓаните и школските центри во превенирањето на асоцијалното однесување на младите во заедницата.  

 

    
Средбата со Советодавната група граѓани од Охрид,  биеше искористена и за дискусија, договарање на мерки и градење стратегија за превенција на насилството на спортските натпревари.

OhridNews